NEWS & ANNOUNCEMENTS

Ајде да играме шах: Инклузивни Практики за Одржливо Образование

Ајде да играме шах: Инклузивни Практики за Одржливо Образование

Во рамки на проектот “Ајде да играме шах:Инклузивни Практики за Одржливо Образование” двата лидерски тимови на партнерите-ПСУ Јахја Кемал од Скопје и ПЧУ Дружба од Софија, Република Бугарија го реализираа вториот пакет проектни активности (ПА2) од истоимениот проект.

Имено, во периодот од 19.11.2024 до 21.11.2024год. нашиот лидерски тим оствари работна посета на партнерското училиште ПЧУ Дружба од Софија, каде целосно го имплементиравме вториот пакет активности и ги постигнавме следните проектни резултати:

  1. Потпишавме Договор за партнерство помеѓу координаторот на проектот ПСУ Јахја Кемал и ПЧУ Дружба-партнер во проектот.
  2. Ја доработивме нацрт-верзијата на заедничкиот План за Комуникација и Видливост на проектот;
  3. Заеднички го доработивме проектниот План за внатрешен мониторинг и евалуација на проектната имплементација.
  4. Усвоивме конечен и детален План за спроведување на петте пакети проектни активности во рамки на проектот.
  5. Шаховскиот експерт од ПСУ Јахја Кемал одржа час по училишен шах на учениците од 4 -то одделение во ПЧУ Дружба во Софија.
  6. Пред одделенските наставници на ПЧУ Дружба од Софија, шаховскиот експерт од ПСУ Јахја Кемал го презентираше нацрт-сценариото на наставниот материјал за изучување на новата шаховска метода наменет за наставници, како и содржината за инклузивниот дигитален шаховски анимиран видео материјал- наменет за ученици
  7. Шаховскиот експерт исто така спроведе куса презентација за придобивките и предностите на новиот модел за изучување шах, кој ќе биде преведен на 5 јазици (Македонски, Англиски, Албански, Турски и Бугарски).

“Овој проект е финансиран од Европска Унија во рамките на Ерасмус+ програмата, преку Национална Агенција за европски образовни програми на Република Северна Македонија”."

Ајде да играме шах Инклузивни Практики за Одржливо Образование 1

Ајде да играме шах Инклузивни Практики за Одржливо Образование 2

Ајде да играме шах Инклузивни Практики за Одржливо Образование 3

Ајде да играме шах Инклузивни Практики за Одржливо Образование 4

Ајде да играме шах Инклузивни Практики за Одржливо Образование 5

Yahya Kemal High School Poster 2024
Yahya Kemal Elementary School Poster 2024

Latest News

YKC Logo Final Vector White Text Web

  • Yahya Kemal Colllege is a school located in Skopje, Republic of North Macedonia, established in November 1996.
  • It was established according to protocols signed between Yahya Kemal secondary schools and the Ministry of Education of the Republic of North Macedonia.
  • The school is named after Yahya Kemal Beyatli, a notable Turkish writer and poet who was born in Skopje.
  • The best Education, Science & Culture website award for 2020.

badge 1st place ykc edu mk

Connect With Us

Contacts

Varsavska br. 23, Karpos - Skopje
+389 (0)70 373 095

Varsavska br. 23, Karpos - Skopje
+389 (0)72 229 030
+389 (0)71 346 820

FAH 106, 1200 Bogovinje - Tetovo
+389 (0)71 386 342

Mislesevski pat bb - Struga
+389 (0)71 346 817

Varsavska br. 23, Karpos - Skopje
+389 (0)71 285 010

Yahya Kemal College
Subscribe to our updates!

Subscribe to our updates!

* required